Шести ден по ред нема смртни случаи од Ковид-19 во Кина

Кинеските здравствени власти шести ден по ред не пријавиле нов смртен случај од последици од Ковид-19.

Во изминатите 24 часа во Кина регистрирани се десет новозаболени од Ковид-19, што е за 30 помалку од претходниот ден. Исто така намален е на шест,  бројот на заразени помеѓу граѓаните кои се вратиле од странство, додека претходниот ден биле пријавени 23 такви нови случаи.

Исто така забележан е и пад на бројот на асимптоматски пациенти од 42 на 27.

Во Кина досега регистрирани се 82.798 инфицирани лица со новиот коронавирус, од кои 4.632 починале, а оздравеле 77.207 луѓе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот