Шестгодишно момче пукало со пиштол во училница во САД, директорот на училиштето добил отказ

САД полиција/ Фото: Robyn BECK / AFP / Profimedia

Директор на основно училиште во американската сојузна држава Вирџинија добил отказ откако шестгодишен ученик пукал со пиштол и ранил наставник на почетокот на годината. Училишниот одбор гласал 5 спрема 1 за отпуштање на Џорџ Паркер само неколку часа откако неговиот адвокат ја објави тужбата.

Абигејл Цвернер, 25-годишна наставничка, била пуштена од болница минатата недела откако била застрелана во градите во нејзината училница. Нејзиниот адвокат рече дека пукањето можело целосно да се спречи. Полицијата сѐ уште не соопштува никакви пријави. Еден родител чие дете било во училницата во моментот на пукањето рече дека наставничката Цвернер постапила несебично. Откако била погодена од куршум, таа им викала на децата да бегаат.

Сѐ уште не е познато како шестгодишното момче дошло до пиштолот. Полицијата пријавила расправија во училница во прво одделение која резултирала со еден истрел од пиштол. Не се работи за случајно пукање, соопшти полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот