Шестгодишно девојче прегазено на регионален пат Куманово – Свети Николе

На регионален пат Куманово – Свети Николе е прегазено 6-годишно девојче, информира МВР.

-На 30.07.2020 околу 10.20 часот на регионален пат Куманово – Свети Николе, патничко возило „хјундаи аксент“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(61) од с.Петровец, удрило во 6-годишен пешак од с.Колицко, кумановско- стои во дневниот билтен на МВР.

По незгодата,  малолетничката била пренесена во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот