Шестгодишно дете повредено во сообраќајка во Куманово

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза" - Скопја.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Вчера во 15.30 часот било пријавено дека на крстосница од улиците „300“ и „260“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу четирицикл „јамаха“ управуван од С.Ј.(46) од Куманово и велосипед управуван од шестгодишно дете од Куманово.

По незгодата, велосипедистот бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот