Шеста жртва од коронавирусот во Хрватска: Бројот на заразени се искачи на 713

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Тестирани се 5.900 лица, а 26 пациенти се на респиратор.

Според најновите податоци на Националниот штаб за цивилна заштита, во Хрватска се регистрирани уште 56 лица заразени од коронавирусот, или вкупно 713 случаи.

До 14 часот денеска, евидентирани се шест жртви од коронавирусот во Хрватска, а последниот смртен случај е пациент кој во тешка состојба бил хоспитализиран во Клиничката болница Дубрава.

„Сегашната состојба која е задоволувачка е резултат на заедничките напори на здравствената струка, Штабот и на вас, граѓаните. Ако истраеме на овој начин да се бориме со епидемијата верувам дека ќе поминеме со што помалку штетни последици, бидејќи одговорното однесување е клуч за успехот“, рече министерот за здравство Вили Берош.

Тестирани се 5.900 лица, а 26 пациенти се на респиратор.
„Сите лица кои се на респиратор имаат тежок облик на болеста, повеќето можеби се критично“, рече директорката на Клиниката за заразни болести Алемка Маркотиќ. Подоцна рече дека во инфективната клиника ниту еден пациент не е симнат од респиратор.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот