Шеста седница на Владата, четвртиот пакет мерки на дневен ред

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи својата редовна шеста седница, со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На денешната седница Владата ќе ја разгледа информацијата за четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на Ковид-19, соопшти владината прес-служба.

На предлог на Министерството за образование денеска ќе бидат ставени на разгледување и усвојување предлог – уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните и средните училишта, информација за усвојување протоколи за постапување на посебните основни училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/21 година, информација за реализација на наставата во средните училишта за ученици со посебни образовни потреби во учебната 2020/2021 година, со прилог поединечни протоколи за постапување во средно образование за ученици со посебни образовни потреби, протокол за работа во услови на справување со вирусот Ковид-19 во јавните ученички домови во Република Северна Македонија во учебната 2020/21 година, протокол за работа во услови на справување со вирусот Ковид-19 во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Северна Македонија во академската 2020/21 година, како и извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање на настава со физичко присуство, за период од 18 септември до 25 септември.

На дневниот ред на денешната седница е и точката преглед со приоритетни предлог – закони од делокругот на надлежностите на министерствата кои Владата треба да ги утврди, а Собранието да ги донесе до крајот на 2020 година. Седницата на Владата е предвидено да започне во 10 часот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот