Шест знаци кои ви укажуваат дека не јадете доволно зеленчук!

Според мерењата на диетичарите и нутриционистите, на возразната личност ѝ треба од 5 до 13 порции овошје и зеленчук во ден, зависно од добата, полот, различните телесни активности и целокупното здравје. Прескокнувањето на препорачаниот внес може да влијае на телото и повеќе отколку што мислите.

Доколку сакате да проверите дали доволно внесувате зеленчук, прочитајте во продолжение.

Недостасува боја на вашата чинија

Типичниот оброк се состои од месо и компир. Можеби таквото јадење има добар вкус, но недостасува боја на чинијата.

„Освен што тестенините, оризот и лебот не даваат боја на вашите оброци, не ги осигуруваат ниту есенцијалните минерали и витамини потребни на вашето тело“, вели диетичарката Аби Сауер.

Често забележувате модринки на вашето тело

Кога на телото му недостасува витамин Ц, ризикот од појавување на модрици е поголем. Витаминот Ц се наоѓа во црвената пиперка, кељот, зеленчукот со зелени листови, брокула, карфиол и домати.

Цело време сте уморни

Недостатокот на фолати може да предизвика надуеност и анемија, тврди Сауер. Витаминот Б ќе ги реши проблемите, а се наоѓа во зеленчукот со зелени листови, мешунки, леќа и аспарагус.

Често сте болни

Доколку не јадете доволно зеленчук, не ги внесувате важните нутриенти и имунитетот слабее.

„Наполнете го фрижидерот со зеленчук кој е богат со витамин Ц, засилете го имунитетот и скратете го времето за заздравување од болестите“, советува Соер.

Тешко се носите со стресот

Стресот е неизбежен. Воспаленијата се природен одговор на телото поради стресот, а доколку не се носите добро со тоа, ќе се појават проблеми.

„Јадете храна богата со антиинфламаторни состојки како што се незаситените масни киселини (лосос и туна), антиоксиданси, полифеноли и каротеноиди за да го намалите појавувањето на воспаленија и да ја зголемите способноста за контролирање на стресот“, додава Соер.

Склони сте кон грчеви во мускулите

Овошјето и зеленчукот содржат калиум кој може да ги спречи грчевите, посебно оние кои ги предизвикуваат вежбите. Во една банана со средна величина се наоѓаат 422 милиграма калиум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот