Шест турски дрона уништени над Идлиб

Шест турски беспилотни летала се уништени од страна на сириските воздушни одбранбени системи, соопшти извор во сириското Министерство за одбрана, пренесува ТАСС.

„На 1 март 2020 година, сириските воздушни одбранбени системи уништија шест беспилотни летала на турските вооружени сили над зоната на деескалација во Идлиб”, изјавил изворот, цитиран од ТАСС. Дроновите, според истиот извор, ги гаѓале позициите на сириските владини сили.

Претходно денеска, турските борбени авиони Ф-16 соборија два авиони на сириските воздушни сили над зоната на деескалација на Идлиб. Пилотите се безбедни. Воздушниот простор над областа за деескалација на Идлиб од денеска е затворен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот