Шест тима на ДИК рачно ги внесуваат податоците во системот на резултати

Фото: Драган Митрески, 13.07.2020, ДИК

Шест тима на ДИК рачно ги внесуваат податоците од записниците од предвремените парламентарни изобри во системот за резултати, дознава Слободен печат, откако беше хакирана веб страницата на Комисијата.

– Во моментот еден по еден записник се внесува во системот на резултатите. И тој систем е така направен што ги дава резултатите и мандатите по изборни единици. Кога ги примавме гласачките ливчиња едно по едно ги гледавме, а сега еден по еден записник се внесува во системот за резултатите. И тој систем е така направен што ги дава резултатите и мандатите по изборни единици – велат од ДИК за Слободен печат.

Од Комисијата потврдуваат дека до МВР, до одделот за сајбер криминал го пријавиле нападот. И од таму очекуваат да биде разоткриен нападот. Според неофицијални извори страницата е блокирана поради огромниот наплив на интернет сообраќај од над 31 милиони хакери.

– Нема штета врз резултатите, туку е изгубено време. Системот е така направен што првите неофицијални податоци претседателите на избирачките одбори веќе ги доставија преку апликацијата преку која можеа да ги достават од самото избирачко место до ДИК. Тука немавме проблеми, велат од ДИК.

Чии „анонимуси“ ја хакираа страницата на ДИК? Полицијата ќе отвори истрага

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот