Шест тешки недели: Американците молат за помош, 30 милиони останаа без работа најтешкото допрва доаѓа

Фото: EPA-EFE/Peter Foley

Невработеноста во Америка достигна до 30 милиони невработени лица, што пак ја уништува економијата како последица на корона вирусот.

Додека се чека американското Министерство за труд да ги објави официјалните податоци за неделните побарувања на невработените лица за помош од државата, економистите проценуваат дека уште 3,5 милиони Американци поднеле барање за помош за неделата заклучно со 25. април.

Вкупниот број во изминатите шест недели до сега се искачи на над 30 милиони лица.

Економските експерти очекуваат дека бројот на невработени Американци во април ќе го собори рекордот од периодот по Втората светска војна од 10,8 отсто, достигнат во ноември 1982 година.

Во март стапката на невработеност скокна за 0,9 отсто на 4,4 проценти, што пак е најголема месечна промена од јануари 1875 година.

– Врвот на невработеноста се очекува во мај, по што ќе следува пад кој би требало да почне во јуни, додека економијата истовремено ќе почне да се отвара, изјави економистот Ендрју Холенхорст.

Американската економија претрпи најостар пад од финансиската криза во 2008 година како резултат на затворањето на земјите ширум светот со цел да се забави ширењето на Ковид – 19.

Соединетите Држави се најтешко погодена земја, со повеќе од еден милион инфекции и над 60 илјади смртни случаи.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот