Шест „свадбарски“ возила на Гаши поминале граница за 2 минути

Панче Тошковски , фото Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

Шест возила поврзани со свадбата на која присуствувал претседателот на Собранието Африм Гаши во Косово, ја поминале границата Блаце за две минути, произлегува од објаснувањето на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Гаши патувањето го најавил два дена претходно, а граничниот премин во неделата од 18 часот и 40 минути до 18 часот и 42 минути го поминале дури 6 возила под полициска придружба. Од нив три биле полициски, едно било ВИП возило. За другите две возила во известувањето од Тошковски не се наведува какви се.

Кога поминувала делегацијата, граничните проверки се вршеле со „попуштен режим согласно член 17 од Законот за гранична контрола“. Затоа проверките траеле толку кратко. Но, Тошковски тврди дека имало лица кои што биле во овие возила, а не биле евидентирани во системот на патници на Блаце.

Со извршените контроли во Системот за контрола на патници и возила утврдено е дека носителот на делегацијата, како и членовите на неговото семејство кои биле најавени дека ќе остварат излез, не се евидентираат во системот за контрола на патници и возила.

Исто така констатирано е дека не е целосно запазена процедурата на евидентирање на сите лица и патници кои поминуваат на граничниот премин во системот за контрола на патници и возила. За утврдените пропусти во работењето од страна на Регионалниот центар за гранични работи Север кон раководителот на смена на граничниот премин ќе бидат преземени соодветни мерки за утврдување на одговорност согласно Колективниот договор на МВР, вели Тошковски.

Овие информации произлегле откако МВР три дена вршело интензивни проверки, прегледи на камерите на граничниот премин Блаце,  увид во евиденцијата на системот за контрола на патници и возила и евиденција во книгите на настани и процедури на граничниот премин.

Утврдено е дека планот за патување на претседателот Гаши е уредно најавен и заведен во евидентните книги по претходно известување од Министерството за надворешни работи од 16.08.2024 година. Во известувањето покрај претседателот на Собрание, опфатени се и членовите на неговото семејство, членови на обезбедувањето и три полициски службени возила, вели Тошковски.

СДСМ: Целата свита на Африм Гаши не е проверена на Блаце кога оделе на свадбата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот