Шест смртни случаји од Ковид-19 во Тетово, најмногу од кога почна пандемијата

Министерството за здравство информираше дека во Градската општа болница „8 септември” е починат и најмладиот, 58 годишник од тетовско.

Тетовскиот регион бележи најмногу смртни случаи за едно деноноќие од почетокот на пандемијата со Ковид-19. Пет луѓе болни од Ковид-19 починаа во тетовската болница и уште еден во скопската болница „8 септември”.

„Во клиничката болница починаа двајца од Тетово и по еден од Мала Речица, Пирок и Камењане. Починатите се на возраст 60, 63, 69, 72 и 77“, соопшти директорот Флорим Бесими.

Министерството за здравство информираше дека во Градската општа болница „8 септември” е починат и најмладиот, 58 годишник од тетовско. Вкупно починати од Ковид-19 во тетовско се 49 лица.

– Од новите 12 заболени за денес со Ковид-19, седум се во општина Тетово, по двајца во Боговиње и Желино и еден во општина Јегуновце – информираше д-р Зорица Зафироска, од Центар за јавно здравје Тетово.

Сега активни случаи има 374 или вкупно 640 дијагностицирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот