Шест смртни случаи и 590 нови пациенти со ковид-19 во Хрватска

Фото : Архива

Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 590 нови случаи на коронавирусот, а бројот на активни носители на болеста во моментот во земјата изнесува 3.609. На болничко лекување се наоѓаат 744 пациенти, а 76 од нив се приклучени на респиратор.

Во последното деноноќие, според хрватскиот Национален штаб за јавно здравје, се регистрирани и шест смртни случаи.

Од почетокот на пандемијата до денеска, Хрватска пријави 245.462 заболени лица со ковид-19 од кои починаа 5.570, оздравеа 236.283. Во самоизолација во моментот се наоѓаат 14.812 лица додека тестирани се вкупни 1.373.877 милиони граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот