Шест штетни навики од кои мора да се ослободите за да бидете среќни!

instagram

Кон среќата сите тежнееме, а за навистина да бидете среќни треба да појдете од себе.

Вистинско време е да се преисрашате и да оставите некои работи во минатото. Сертификаниот тренер за живот (лајф коуч) Олесија Кристи откива од кои навики треба да се ослободите за да бидете  среќни.

Споредување на вашиот живот со она што го гледате на Инстаграм

Во светот на социјалните мрежи изгледа како сите да живеат идеален живот. Всушност, сите-освен вие. Лиценцираната брачна терапевтка од Калифорнија потсетува на тоа дека социјалните мрежи претставуваат лажна реалност и дека, секако, споредувањето на својот живот со фотографиите „уловени“ во совршен момент, не е идеален начин да го поминете вашето време. Таа, исто така, советува дека подобро е да го искористите вашето време на Инстаграм но да оставрите контакт со луѓето кои ви се пример и да стекнете некои нови познанства.

Дозволувате стравот да ве оддалечи од нешто што сакате да направите

Ентони Фреир, директор на клиниката и основач на центарот за ментално здравје во Њујорк Сохо, смета дека, ако сакаме да се ослободиме од стравот, срамот и вината, мора да се соочиме со нив.

-На смртната постела не сакате да си префрлате зашто не сте ја исполниле вашата листа на желби поради било-која причина, туку поради чувство на вина, страв или срам, а тоа се едни проблематични чувства за кои си рековте дека мора да ги почувствувате, -вели.

Се грижите за работи кои не можете да ги промените

Невозможно е да се спротивставиме на чувствата како грижа и стрес – тие се дел од нашите животи и се сосема природни чувства. Сепак, обидете се да се грижите само за работите врз кои може да влијаете.

-Фокусирајте се на работите што можете да ги промените. Кога имате многу грижи, направете список на она на кое можете да влијаете и на она на коешто не можете да влијаете. Работете на ситуации на кои можете да влијаете и ослободите се од сè друго. Потребно е многу време и работа на себе. за сè тоа да се постигне, но откако ќе научите како да го одвоите важното од неважното, ќе сфатите дека имате помалку грижи , – објаснува др. Ониали, брачна советничка.

Ако не можете да успеете сами во мисијата, најдобро би било да побарате помош од стручњак. Тоа може да биде знак дека сте анксиозни, што е честа состојба, но се лекува.

Стари приговори и поплаки 

Истражувањата покажуваат дека долготрајното лутење и вознемиреност можат да бидат токсични за нашето ментално и физичко здравје.

-Моментно е совршено време за работа на отпуштање на старите куфери, без разлика дали со работа на поправање на затегнатите односи или затворање на поглавја во односите кои не можат да се поправат, – смета Ониали.

Ова секако не се однесува на оние луѓе кои ви нанеле сериозна штета и кои ве повредиле, туку важи за оние од кои сте се оддалечиле од некои други причини.

-Иако прекинувањето на одредени врски може да биде многу тешко, истовремено може да биде и многу ослободувачко, – додава таа.

Се грижите што другите мислат за вас

Постои изрека дека „тоа што другите го мислат за вас, не е ваша работа“. Нужно е да знаете кои се вашите вредности и да бидете уверени во нив, па така нема да ве изместат мислењата на другите луѓе. Ониали вели дека на своите клиенти им поставила предизвици, прашувајќи ги – „Што ако тие не ве сакаат? Што следно ќе се случи?“. Според нејзините зборови на ова прашање најчесто следувал одговорт – „ништо“.

-Вистина е дека нема да се случи крај на светот порати тоа и дека не мора сите да ве сакаат. Бидете опкружени со луѓе кои ве поддржуваат, сакаат и почитуваат и не трошете време на оние кои не ве сакаат. Ако не ве сакаат, и тоа е во ред, не може да бидете дел од секоја група, – заклучува таа.

Мора да бидете во право во секоја дискусија

Сите сакаме да бидеме во право за време на дискусијата, а тоа може да предизвика поголема штета отколку добро.

„Колку пати сте се расправале со некого само за да покажете дека сте во право? Кажуваме работи што не можеме да ги повлечеме, а потоа се извинуваме и мислиме дека претеравме или дека сме се расправале за глупости. Понекогаш не се ни сеќаваме како започна дискусијата, а понекогаш ситниците се само мали манифестации на некој поголем проблеми “, заклучува Фреир.

-Вакви работи водат кон негативни мисли и анксиозност, предимензионирање на ситуацијата и стресот, – вели Елис Хал, социјална работничка од Масачутес.

Наместо тоа, обидете се да дојдете до решение на проблемот. Тоа може да ви помогне да се ослободите од потребата да бидете во право.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот