Шест репрезентации изборија учество на ЕП 2020

twitter.com/ReaIMadridOnly

Од „Б“ групата Украина го обезбеди првото место, иако и преостанува уште една средба во ноември.

Потоа, од групата „Ф“ Шпанија избори учество на ЕП, иако до крајот на квалификациите и остануваат уште два натпревари. Во групата „Г“ во која настапува македонската репрезентација, на две кола пред крајот, Полска го обезбеди настапот на евро-шампионатот.

Белгија и Русија се патниците од квалификациската група „И“, Шестиот патник кој си обезбеди место на ЕП во октомври е Италија која заврши прва во „Ј“ групата.

– Група „А“: Англија 15 бодови, Чешка 12, Косово 11…
– Група „Б“: УКРАИНА 19 бодови, Португалија 11, Србија 10…
– Група „Ц“: Холандија 15 бодови, Германија 15, Северна Ирска 12…
– Група „Д“: Република Ирска 12 бодови, Данска 12, Швајцарија 11…
– Група „Е“: Хрватска 14 бодови, Унгарија 12, Словачка 10…
– Група „Ф“: ШПАНИЈА 20 бодови, Шведска 15, Романија 14, Норвешка 11…
– Група „Г“: ПОЛСКА 19 бодови, Австрија 16, Македонија 11, Словенија 11, Израел 11…
– Група „Х“: Турција 19 бодови, Франција 19, Исланд 15…
– Група „И“: БЕЛГИЈА 24 бодови, РУСИЈА 21.
– Група „Ј“: ИТАЛИЈА 24 бодови, Финска 15, Ерменија 10, Босна и Херцеговина 10…

Европското првенство ќе се одржи во 12 градови низ континентот во периодот од 12 јуни до 12 јули 2020 година. Ждрепката е закажана за 30 ноември во Букурешт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот