Шест пензионери се онесвестиле на концертот на Лепа Брена, реагирала и Брзата помош

лепа брена
Лепа Брена/ Фото: Принтскрин/Инстаграм

Фолк пејачката Лепа Брена одржала два концерта во Неделишќе, Хрватска. Фолк ѕвездата пеела во рамките на манифестацијата „Месап есен 2022“, а голем број нејзини обожаватели дошле да ја слушнат и видат.

Како што пишува хрватскиот портал „24сата“, салата била преполна, но поради проблеми со звукот посетителите не можеле добро да ја слушнат. Пејачката се обидела да го реши тоа, но не успеала.

На концертот на Брена дошле сите генерации, имало и деца, тинејџери, нивните родители, но и баби и дедовци. Според пишувањата на медиумите, на концертите на Брена присуствувале и голем број пензионери, а на едниот концерт поради нив реагирала и Брзата помош.

Имено, шестмина од нив паднале во несвест, додека еден пензионер бил со полна сила. Тој ја прескокнал оградата и се качил на бината. Обезбедувањето реагирало, но пејачката побарала да не го допираат, па тој останал на сцената и одблиску ја гледал Брена додека ги изведувала своите најголеми хитови.

ВИДЕО | Лепа Брена со песна се подготвува за слава: Куќната помошничка – највесела

ФОТО | Лепа Брена замина на одмор со приватен авион: Каде ќе летува фолк – ѕвездата?

ФОТО | Хулахопките на Лепа Брена го освојуваат американскиот пазар: Карди Би го потврди нивниот квалитет

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот