Шест навивачи загинаа во стампедо во Камерун

Стампедото се случило во моментите кога навивачите се туркале да пријдат на стадионот „Олембе“/Фото: Принтскрин/Youtube/SEA Today News

Најмалку шест навивачи загинаа во стампедо пред стадионот во Јаунде, каде се играше осминафиналниот натпревар од Африканскиот куп на нации помеѓу домаќинот Камерун и Комори.

Според извештаите на светските медиуми, најмалку шест лица загинале, а околу 40 се повредени во стампедото кое се случило во моментите кога навивачите се туркале да пријдат со стадионот Олембе“ за да го следат натпреварот на нивната репрезентација.
Гувернерот на централниот регион на Камерун, Насери Пол Биа стравува дека бројот на жртви може да се зголеми.

– Некои од повредените се во очајна ситуација. Мораме да ги евакуираме во специјализирана болница – изјави Олинга Пруденс, медицинска сестра во болница во Јаунде.
Според официјални лица, околу 50.000 навивачи сакале да присуствуваат на натпреварот. Стадионот „Олембе“ има капацитет од 60.000 гледачи, но поради ограничувањата не смее да има гповеќе од 80 отсто гледачи од вкупниот капацитет.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот