Шест милиони денари за иновации на најдобрите основци и средношколци

Во владата на Република Северна Македонија денеска се одржа настан по повод потпишување на договорите за 34 проекти на основни и средни училишта, кои беа наградени во рамките на Програмата „Предизвик за млади истражувачи 2“, на ФИТР и на МОН.

На церемонијата се презентираа двата победнички проекти од учениците од првонаграденото основното училиште „Даме Груев“ од Битола и првонаграденото средно училиште „Ванчо Прке“ од Виница.

На церемонијата се обрати премиерот на владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев. Тој истакна дека владата е посветена на поддршката на младите истражувачи, со цел да се остварат нивните идеи и да се реализираат нивните креативни решенија за секојдневните проблеми и прашања со кои се соочуваме сите.

– Градејќи се себеси како лидери и остварувајќи ги своите соништа тука, дома, младите луѓе ја градат и економската иднина на нашата земја, Северна Македонија. Нам ни се потребни млади истражувачи и Ви благодарам почитувани професори и ментори што го препознавате и развивате нивниот креативен потенцијал – додаде Заев.

Со вкупен фонд од 6 милиони денари и дополнителни 30.000 денари за менторите на учениците кои се дел од овој проект оваа година се стимулира креативноста и се отвора нова димензија и за основците и за средношколците.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски при церемонијата истакна дека ФИТР веќе втора година реализира Предизвик за млади истражувачи.

– Со над 10 милиони денари поддржуваме проекти на 54 основни и средни училишта од цела земја во кои над 300 ученици и 130 ментори работат на истражувачки проекти од различни области. Секој којшто ги гледа овие млади деца со право може да каже сериозна држава каква што сакаме да бидеме и настојуваме да станеме мора да обезбеди поддршка за нив – додаде Деспотовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот