Шест месеци затвор за таткото на Боки 13

Шест месеци казна затвор за Миле Јовановски, татко на Боки 13 пресуди денеска Основниот суд во Скопје.

Јовановски е казнет бидејќи на 7 јануари 2017 година го нападнал попот Виктор Стојчев. Осудениот денеска не беше во судница да ја слушне пресудата.

Според пресудата, Јовановски го нападнал Стојчев по расправија за паркинг место, по што му нанел повреди. Јовановски беше обвинет за кривичното дело тешка телесна повреда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот