Шест лица тешко повредени во сообраќајка кај Студеничани

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Р.Б. и сопатникот И.И. (41) од село Студеничани.

Во текот на вчерашниот ден во 07,40 часот во атар на село Студеничани-Скопје во близина на гробиштата, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Б. (38) од село Морани-Скопје, и патничко моторно возило ,,мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н. (21) од село Студеничани.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Р.Б. и сопатникот И.И. (41) од село Студеничани. Со повреди се здобиле и другиот сопатникот во „голф“ А.А. (45) од село Студеничани, како и возачот на ,,мерцедес“ М.Н. и неговите сопатници О.Н. (22) и Н.Н. (7), и двајцата од истото село.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот