Шест лица осудени на смртна казна во Јордан: Киднапирале, ѕверски мачеле и осакатиле дете

Фото: arstechnica.com

Јорданскиот суд денеска осуди шест мажи на смрт поради напад врз тинејџер минатата година.

Во октомври минатата година, 16-годишник бил киднапиран во неговата населба во работничкиот град Зарка, источно од главниот град Аман. Тој бил однесен во далечна област и измачуван од група луѓе кои му ги ампутирале двете раце и му го извадиле едното око.

На социјалните тогаш беа објавени видеа од момчето како крвари оставено на улица сè додека не го пронашле луѓе и викнале брза помош. Нападот, наводно, бил со цел одмазда на неговиот татко, кој во тоа време бил во затвор под обвинение за убиство.

Пред суд беа изведени 17 лица под вкупно девет обвиненија кои вклучуваа обид за убиство, тероризам, киднапирање, предизвикување трајна попреченост и поседување оружје без дозвола.

Од шестмината обвинети осудени на смрт со бесење, еден е осуден во отсуство, јавија локалните емдиуми. Седуммина се ослободени од обвинението, а останатите четворица добија затворски казни од една до 15 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот