Шест лица затруени на Универзитетот во Дармштат

Германскиот град Дармштат/ Фото EPA-EFE/ARMANDO BABANI
Полицијата во германскиот град Дармштат денеска започна истрага поради труење на шест студенти и доценти на Техничкиот универзитет во овој град, на кои им се слошило откако пиеле вода и млеко од кујната на еден од одделите, пренесува Би-Би-Си.

„Истрагата се спроведува забрзано и правиме сe што можеме за да го пронајдеме сторителот или сторителите“ изјави портпарол на полицијата во Дармштат.

Засега не е познато со што се затруле, но полицијата соопшти дека некој во текот на викендот ги премачкал со опасна материја пакетите со млеко и вода кои се наоѓале во заедничката кујна.

Деканот на престижниот Технички универзитет во Дармштат, Тања Брухл изрази изненадување од настанот во образовната институција.

„Ние сме длабоко загрижени од злосторството кое очевидно се случи на нашиот универзитет“ истакна Брухл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот