Шест лица повредени откако божиќни украси паднале од таванот во трговски центар во Швајцарија

Инцидент во трговски центар во Швајцарија
Инцидент во тговски центар во Швајцарија, паднале божиќните украси од таванот, шестмина ранети/ Фото Тwitter Screenshot

Шест лица во трговски центар на истокот на Швајцарија се повредени во саботата откако божиќните украси паднале од таванот, соопшти полицијата.

Полицијата соопшти дека паднале греди на кои биле поставени шарени светилки и други празнични украси.

Инцидентот се случил во гратче во кантонот Швиц, а според локалните медиуми зградата била евакуирана откако украсот паднал.

„Одеднаш слушнав удар. Луѓето беа во шок“, рекол клиентот, според Блик Дејли.

Медиумите објавија фотографии од местото на настанот, на кои се гледаат бројни возила на брза помош. Полицијата соопшти дека сите повредени се пренесени во блиската болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот