Шест деца позитивни на коронавирусот во Италија

Фото: EPA-EFE/LUKASZ GAGULSKI

Најмладата е четиригодишно девојче од Кастиљоне д’Ада, град во област со епидемија и е во болница во Павија.

Шест деца се позитивни на новиот коронавирус, изјавија неименувани извори за италијански медиуми.

Повеќето случаи доаѓаат од „жариште“ во округот Лоди, кое е во карантин поради епидемија во северна Италија.

Најмладата е четиригодишно девојче од Кастиљоне д’Ада, град во област со епидемија и е во болница во Павија.

Петнаесетгодишно момче е во болница во Серијате, во близина на Бергамо, на двајца 10-годишни деца, едно од Соресин, кај Кремона и на друго од пристаништето Сан Роко ал Порта во округот Лоди, им е дадена дозвола да се вратат дома.

Пред неколку дена, 17-годишник и негов школски другар беа позитивни на новиот коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот