Шест членки на ЕУ инсистираат да добиеме зелено светло за преговори во март

Во писмо до претседателот на Европската комисија, министрите за надворешни на шест земји членки на ЕУ се согласуваат дека методологијата на преговорите за членство може да се подобри, но инсистираат проширувањето да остане опиплива перспектива и Северна Македонија и Албанија да добијат зелено светло за преговори во март.

Писмото е своевиден одговор на „нон-пејперот” на Франција во кое се бара од Советот на ЕУ до јануари да и нареди на Европската комисија да почне да изготвува нова методологија за преговорите со земјите кандидати, под изговор дека сегашниот процес не е доволно ефикасен, премногу е бавен и технички.

Потписниците на писмото се министрите од Австрија, Чешка, Словачка, Словенија, Италија и Полска.

Прочитајте и...  Брнабиќ: Протестите се обид да се добијат политички поени во најголемата криза од Втората светска војна

Министрите потсетуваат дека ЕУ треба да се држи до ветувањата дадени во 2003 година во Солун на сите земји од Западниот Балкан и дека таа перспектива е главен мотивирачки фактор за регионот, давајќи го како пример „историскиот Преспански договор”.

– Минатиот месец, ЕУ не постигна консензус за отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија. Во време кога славиме триесетгодишнина од падот на железната завеса кој ја отвори ерата на обединување на Европа, повторуваме дека консолидацијата на Европа не може да биде целосна без Западниот Балкан, пишуваат шесте земји членки.

За нив „нема сомнеж” дека и безбедноста и реформскиот процес во регионот се гарантирани преку интеграцијата во ЕУ, но согласни се дека тој може да биде подобрен.

Прочитајте и...  Со камења и петарди нападната полициска патрола и зградата на РТ Војводина во Нови Сад (ВИДЕО)

– Вистина е дека сегашниот пристапен процес на западниот Балкан напредува бавно и на нееднаков начин. Од таа причина сме подготвени да се ангажираме конструктивно во напорите за подобрување на овој процес. Тоа ќе го сториме доколку оваа задача се води на ефикасен начин, со цел да вроди со резултат и доколку и овозможи на ЕУ да постигне консензус за отворање на пристапните преговори во март 2020.

Министрите ја повикуваат ЕК до јануари да изготви конкретни предлози за подобрување на ефикасноста на процесот.

Во писмото се потсетува дека само полноправно членство во ЕУ за западниот Балкан е одржливо решение и дека процесот мора да продолжи без одлагање.

Прочитај повеќе

Русија, без сомневање, е партнер кој ветува – ЕУ треба да соработува

Слободен печат

Родителите на деца од школска возраст се враќаат на работа, но не и оние кои имаат деца во градинка

Слободен печат

Филипче: Изнајдено е решение за работа на системот Мој термин на клиниките за лицата со хронични болести и малигно болните

Слободен печат

Договор на коморите на сметководители и проценувачи за промоција на европската легислатива

Слободен печат

Вебер: ЕУ е должна да ги прекине преговорите за членство со Турција

Слободен печат

Крамп-Каренбауер: Победата на Бајден на изборите не значи дека Европа може да смета на САД за безбедноста

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Амбициозни наставници од Балканот креираа Балканска наставничка мрежа, за полесно онлајн образование (ВИДЕО)

Слободен печат

Трета фаза од авионско прскање против комарци во Скопје

Слободен печат

Курц: Решението за буџетот на ЕУ е на дофат на рака, доколку има подготвеност за тоа

Слободен печат

Флојд рекол „Не можам да дишам“ повеќе од 20 пати, полицаецот му одговорил „за да зборуваш потребно ти е многу кислород”

Слободен печат

Српската полиција брутално претепува демонстрант, а потоа го преместуваат за да пројдат со возилата (ВИДЕО)

Слободен печат

Јанев: Имам негативен тест за Ковид-19 и нема потреба да бидам во изолација

Слободен печат