Шест брзи начини како да го решите проблемот со констипација

стомак

Констипацијата (запекот) се појавува кога не јадете доволно храна богата со растителни влакна, која докажано ги прочистува цревата, но и кога не внесувате доволно течности.

Постојат многу комерцијални лекови против овој проблем, но некогаш помош можете да побарате и во природните препарати.

Ова се шест брзи начини како да го решите овој непријатен проблем:

Пијте чај со лимон и мед

Додавајте лимон и мед во вашиот чај од нане, но и можете само да ги додадете во топла вода. Оваа комбинација делува како лаксатив и помага да се ослободите од отровите од телото.

Пијте повеќе вода

Три до четири литри вода на ден се потребни за да може да имате нормална столица и да го хидрирате своето тело. Во просек, мажите треба да пијат 3,5 литри, а жените 2,5-3 литри вода во текот на денот.

Јадете храна богата со растителни влакна

Ваквата храна делува лаксативно, бидејќи ги прочистува цревните ресички од насобраниот талог. Извори на растителни влакна се смоквите, јаболката, гравот, семките (ленено, сончоглед, чиа), но внимавајте, ако имате интестинални проблеми треба да ги избегнувате семињата.

Јадете суви сливи

Само 4-5 суви сливи во денот ќе го забрзаат процесот на „олеснување“, поради сорбитолот кој го содржат. Можете да подготвите и чај од суви сливи, но пијте го без шеќер. Ефектот е видлив по еден до два часа.

Внесувајте лаксативни намирници

Лененото семе, анисот и псилиумот ја омекнуваат столицата. Кога ги јадете, мора да внесувате и доволно течности, за да ја олесните работата на цревата.

Пијте јогурт, но избегнувајте млеко

Јогуртот е богат со пробиотици. Но, од друга страна, избегнувајте свежо млеко поради концентрацијата на лактоза и казеин, кои може да го отежнат процесот на празнење на цревата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот