Шерон Стоун во комбинација која ретко кој може да ја изнесе! (ФОТО)

Со својата појава на црвениот тепих, Шерон Стоун, ја оправда титулата на модна икона и јасно им даде до знаење на сите дека нема намера да се повлече од модниот трон.

Актерката со годините изгледа се подобро, а нејзиниот стил ја доживеа вистинската еволуција. Од просечен до стајлинг што ги занемува сите, а таков беше и овој.

Profimedia

Светликавиот комбинизон покриен со украсни каменчиња, привлече огромно внимание кај сите присутни. 

Овој модел ја истакна нејзината фигура, а целата модна приказна ја заокружи со кардиган. Шминката и фризурата како и секогаш беа беспрекорни, а многумина прокоментираа дека никогаш не изгледала помлада.

Profimedia

„Таа како вино, со годините изгледа се подобро“, гласел коментарот.

Ваквата модна комбинација може да ја изведе само жена со огромна самодоверба. Шерон треба да служи како пример на сите дами кои се во тие години. Модата е за сите возрасти. Доколку имате преку 60 години, не значи дека морате досадно да се облекувате.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот