Шерон Стоун пак шокира: Додека се оперирав од тумор, хирургот на своја рака ми ги зголеми градите

youtube
Фото: Јутјуб/Принтскрин

Откако со јавноста сподели детаљ од снимањето на филмот „Основен инстинкт“, тврдејќи дека поради измама, останала без гаќички за култната сцена – кога ги прекрстува нозете, овој пат се осврна на своите гради.

И токму кога помисливме дека Шерон Стоун не може да нѐ изненади и шокира со нови изјави, се случи и тоа.

Шеесет и три годишната холивудска актерка зборуваше за „Тајмс“ за настанот од 2001 година, кога морала да се подложи на операција поради бенигни тумори.

Како што рекла, кога се разбудила од анестезија, открила дека хирургот, сам, на своја рака, ѝ ги зголемил градите, и тоа за еден број, затоа што сметал дека тоа ќе направи Шерон да изгледа подобро.

„Кога ги извадив завоите, сфатив дека моите гради се поголеми за еден број, а тој тогаш ми рече дека така подобро ќе ми одговараат на моите колкови. Тој одлучил да ме оперира и да направи промени во моето тело, без мое знаење и согласност“, открила Шерон Стоун и ги шокирала сите.

Инаку, неодамна во „Венити фер“ беше објавен дел од нејзините мемоари „Убавината на животот двапати“, а во него се наведува дека член на продукцијата на филмот „Основен инстинкт“ ѝ рекол на актерката да ја соблече долната облека за да ја сними култната сцена со прекрстените нозе, убедувајќи ја дека нејзиното интимно подрачје нема да се види на филмот.

Завршениот филм била поканета да го гледа во просторија полна со агенти и адвокати, од кои повеќето немале никаква врска со проектот.

Откако го изгледала филмот, како што вели Стоун, му удрила шлаканица на режисерот на „Основен инстинкт“, и веднаш му се јавила на својот адвокат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот