Шерон Стоун ќе глуми во српски филм: Режисерот Предраг Антонијевиќ открива дека преговорите се во тек

Предраг Гага Антонијевиќ, Шерон Стоун1
Фото: Принтскрин / IMDB / EPA-EFE

Прославениот српски режисер Предраг Гага Антонијевиќ ја воодушеви јавноста од регионот откако ја сподели информацијата дека преговара холивудската ѕвезда Шерон Стоун да биде дел од неговиот нов филм.

„Кристијан Бејл ќе глуми во мојот филм „Јаничар“. Сè уште сме во преговори со Шерон Стоун, но верувам дека и таа ќе игра во филмот“, рече Гага во емисијата „Кец на единаесет“, пренесува „Blic“.

Српскиот режисер меѓу другото ја коментираше и серијата на која работи во моментов.

Серијата „Пејачка“ е многу интересна и сосема различна од се што публиката досега видела“, истакна тој.

ГАЛЕРИЈА: Погледнете како изгледале постерите против Евреите во нацистичка Хрватска

Познатиот режисер неодамна се осврна на филмот „Дара од Јасеновац“, кој ги трогна луѓето низ целиот регион, откривајќи детали за серијата базирана на истоимениот филм.

Во серијата, ќе гледаме поголем дел од филмот, сцени кои не влегоа во финалната верзија, но ќе се снимаат и дополнителни сцени“, неодамна изјави Предраг Гага Антонијевиќ во „Ново утро“.

„Првата епизода започнува кога фашизмот повторно се манифестира во Хрватска, поточно денот и ноќта кога, по 50 години, Дара доаѓа да го види Буда кој мисли дека е Хрват и чиј син мисли дека е Хрват и оди да пали Српски куќи и продавници“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот