Шерман до Заев: Ги поздравуваме вашите заложби, вие сте доверлив партнер на САД

Онлајн средба Шерман Заев фото МИА

 Премиерот Зоран Заев попладнево оствари работна средба преку видео конференциска врска со заменик-државната секретарката на Стејт Департментот на САД, Венди Шерман, а на кој беа присутни и останатите сојузници како и претставници на НАТО.

На состанокот, соопшти владината прес-служба, беше разгледана моменталната безбедносна состојба во Авганистан и беа утврдени механизмите за евакуација на миротворното население кое 20 години ја негуваше демократијата во Авганистан.

Премиерот Заев ги информирал сојузниците дека Северна Македонија ги заврши сите неопходни подготовки и ги подготви протоколите со кои Владата во овој момент е подготвена да прифати околу 650 граѓани, локално население од Авганистан и тоа вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години беа поддршка на НАТО сојузничките сили во Авганистан, вклучително и на македонската армија.

-Заменик-државната секретарката на Стејт Департментот – Шерман отворено ја поздрави заложбата на Северна Македонија како потврден и доверлив партнер на САД во оваа заедничка хуманитарна мисија, стои во соопштението.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот