Шер: Стареењето воопшто не е забавно, буквално го мразам

Instagram
Инстаграм
„Го мразам! Што, би требало да кажам дека ми се допаѓа? Не, не ми се допаѓа. Секоја искрена жена ќе каже дека тоа не е воопшто забавно“, одговори 74-годишната Шер на прашањето за стареењето во интервјуто за „The Guardian”. Поп иконата се присетува како некогаш знаела да настапува и по два пати во текот на ноќта, а потоа да излезе и да танцува цела ноќ. Одморот сега и е подрага опција, а постои и уште една причина зошто повеќе не сака да излегува.
Instagram
„Денес сите имаат камера и повеќе не е сигурно. Луѓето ве прогонуваат и не знаете дали ќе ве убијат или ќе ве фотографираат. За што и да се работи, не ми се допаѓа тоа“, изјави пејачката. Запрашана дали естетската хирургија и помогнала да ја продолжи кариерата, Шер вели дека никој не плаќа за да би гледал во некого. „Морате нешто да испорачате“, вели таа и додава дека нејзиниот глас звучи подобро од кога било претходно. „Освен тоа, цел живот работам на одржувањето на силно тело. Има 20-годишни девојчиња кои не можат да го направат тоа што можам јас“, истакна Шер. Шер оваа година во Лас Вегас имаше распродадена резиденција, но настапите поради пандемијата на коронавирусот се откажани. И покрај тоа таа е зафатена повеќе од било кога, таа снима нови песни, помага во спасувањето на слоновите, а годината ја обележа и како политички и општествен активист.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Cher (@cher)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот