Шер со нови детали за претстојниот биографски филм: Пејачката најави и соработка со „Saweetie“

instagram

Познатата музичка икона Шер е сè уште активна во оваа нова фаза на нејзиното творештво. Таа почнала да работи на мемоар и развој на биографски филм кој ќе прикажува како Шер станала Шер. Воедно, таа спрема музичка колаборација со женскиот рапер „Saweetie“.

Минатиот месец, еден ден пред нејзиниот 75-ти роденден Шер објавила дека филмот од студиото „Universal Pictures“ ќе биде продуциран од Џуди Крејмер и Гери Гецман, кои се продуценти и на филмот „Мама Миа“, а Ерик Рот ќе го пишува сценариото. „Ги познавам луѓето, затоа сум сигурна дека ќе ги слушаат работите што имам да ги кажам. Но, тоа не значи дека ќе го имам последниот збор“, вели таа.

Кастингот сè уште не бил започнат, но Шер верувала дека некој новодојденец треба да ја игра на големото платно. „Вчера зборувавме за тоа и се обидуваме да размислуваме за актери. Реков: Мислам дека сè уште не ја познаваме“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cher (@cher)

Што се однесува до сопствената глума, Шер вели дека не е сигурна кога ќе се врати на таа активност. Всушност, прво ја одбила понудата да биде во продолжението на „Мама Миа“. Но, тогаш ѝ се јавил нејзиниот поранешен менаџер Рон Мејер.

Ѝ рекол „Ќе бидеш во „Мама Миа 2“ и ѝ ја спуштил слушалката, се сеќава таа. „Помислив: Добро, ќе бидам. А не дозволувам никој да ми зборува така. Се свртев и реков: Момци, мислам дека ќе глумам баба во – Мама Миа“, пренесува „Variety“. Шер вели дека била „исплашена“ пред да започне снимањето „Јас не сум од оние со голема самодоверба“, вели ѕвездата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cher (@cher)

На почетокот на овој месец, Шер се пошегувала на „Твитер“ дека можеби работи на нова музика со женскиот рапер „Saweetie“. „Таа е слатка девојка“, вели Шер, одбивајќи да открие детали за нивната соработка. „Не знам како е со сите други, но јас и таа многу добро си поминавме заедно. И тоа што го направивме ќе биде големо“.

Се подготвува филм за животот и кариерата на легендарната Шер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот