„Шепите ѝ се со рани, изгубила 40 отсто од тежината“: Мачка поминала 1.500 километри за да се врати дома

Фото: Pexels/Anna Fusciello

Мачка која се изгубила во националниот парк Јелоустоун на почетокот на јуни, била пронајдена на пат кон дома два месеци подоцна, откако поминала речиси 1.500 километри од Вајоминг до Калифорнија.

Мачката по име Рејнбоу, што во превод значи „виножито“, се изгубила штом пристигнала со своите сопственици на 4 јуни на дестинацијата на своето прво патување во природна средина, јавува „Асошиејтед прес“.

Додека кампувале таму, сопствениците ја барале четири дена, но безуспешно.

„Кога влегувавме во пустината Невада на враќање во Салинас, каде што живееме, одеднаш видов двојно виножито. Го фотографирав и мислев дека тоа е знак дека се ќе биде во ред со нашата мачка“, се сеќава сопственичката на мачката, Сузан Ангвиано.

Во август, сопствениците добиле порака од компанијата за микрочипови дека нивната мачка е во „Друштво за спречување на суровост кон животните“ во Роузвил, Калифорнија, речиси 1.500 километри од Јелоустоун и само 332 километри од нивниот дом во Салинас.

Жената, која прва ја видела мачката како шета по улиците на Розевил, ја хранела и на 3 август ја однела во локалното „Друштво за спречување на суровост кон животните“

Веќе следниот ден, нејзините сопственици отишле во Розевил за да ја земат својата мачка, која во меѓувреме изгубила повеќе од 2,5 килограми.

„Верувам дека го поминала патот главно пешки. Шепите ѝ се со рани. Таа изгубила 40 отсто од телесната тежина“, изјавила Сузана Ангвиано.

Сопствениците сè уште не знаат како нивната мачка стигнала до Розевил, но веруваат дека се обидела да се врати дома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот