Шентоп: Забелешките на Макрон за борба со исламскиот сепаратизам се пример за сурова исламофобија

Шентоп ги даде овие забелешки откако Макрон изјави дека ќе стави крај на системот во кој странските земји испраќаат муслимански проповедници во Франција, во обид за „сепаратизам”.

Претседателот на турскиот Парламент, Мустафа Шентоп, денеска упати критики до францускиот претседател Емануел Макрон поради „исламофобичните коментари”, јави агенцијата Анадолија.

– Забелешките на Макрон за борба со исламскиот сепаратизам се пример за сурова исламофобија, напиша Шентоп на Твитер.

– Франција прво треба да се соочи со својата расистичка историја и историјата на масакрот, изјави тој, осврнувајќи се на нејзиното колонијалистичко минато, пренесува Анадолија.

Шентоп ги даде овие забелешки откако Макрон изјави дека ќе стави крај на системот во кој странските земји испраќаат муслимански проповедници во Франција, во обид за „сепаратизам”.

Тој рече дека Владата го замолила муслиманското тело во земјата да обучува проповедници во Франција и на француски јазик да го спречи ширењето на, како што рече, „политичкиот ислам”, потсетува агенцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот