Шел ќе плати 95 милиони евра на заедниците во Нигерија како компензација за загадувањето од нафта

Фото: Vincent Isore / Zuma Press / Profimedia

Нафтениот гигант Шел денеска се согласи да им плати 95 милиони евра на заедниците во југоисточна Нигерија, чија земја беше уништена од излевање нафта во текот на 1970 -тите, рекоа адвокатите од двете страни.

Нигериската подружница на Шел, Shell Petroleum Development Company of Nigeria Limited (SPDC) изјави дека исплатата на 45,9 милијарди наири (94,9 милиони евра) на тужителите целосно ќе ги подмири нивните побарувања во согласност со конечната пресуда.

Ова го потврди адвокат кој ја претставува заедницата Ејам-Ебубу во нигериската држава Риверс.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот