Шекил Онил платил ресторанска сметка од 25.000 долари за да импресионира дама

EPA/JOHN G. MABANGLO

НБА-легендата во друштво на непозната дама го одврзал кесето и ги платил сметките на сите гости во еден њјуоршки ресторан. Преполниот локал имал 40 маси

Шекил Онил (50) е познат како голем џентлмен и сака да се покаже пред дамите. Но со тоа што го сторил во клубот „Џу Лан“ во Њујорк, додека бил на состанок со некоја мистериозна дама, се надминал себеси.

Шек решил да се покаже, па покрај тоа што ја платил сопствената сметка, решил да ги плати и сметките за вечера на сите гости кои во тој момент биле во ресторанот (околу 40 маси). Тоа ја чинело НБА-легендата дури 25.000 долари, што Шек ги платил без да трепне.

Покрај тоа, на сите вработени во клубот им оставил бакшиш каков што не виделе во животот. НБА-легендата акумулира богатство од околу 400 милиони долари, но и покрај толкавото богатство да платите сметка од 25.000 долари во ресторан е малку – премногу.

Сепак, Онил веројатно успел да ја импресионира непознатата девојка со која бил во друштво, а чиј идентитет не е познат.

Шек има широка рака што се однесува до оние што го опкружуваат, но познато е дека тоа не важи за неговите шест деца. Во однос на нив Шек е „стиснат“ и бара тие да работат за да заработат пари, а не тој да им дава на готово. Во 2011 година тој се разведе од сопругата Шони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот