Шекил ми нудеше 10.000 долари за да се степам со Коби

Поранешниот НБА кошаркар, Ајзеа Рајдер во подкастот „All The Smoke“ раскажа една анегдота која најдобро го отсликува ривалкството кое владееше помеѓу Шеик О’Нил и Коби Брајант кога играа заедно во ЛА Лејкерс.

Ајзеа Рајдер играше само една сезона во Лејкерс (2000-01), и открива како О’Нил сакал да го искористи неговиот избувлив карактер.

Кога пристигнав во Лејкерс, Шекил ми рече дека во орморто ме чекаат 10.000 долари доколку се степам со Коби. Тоа беше на третиот ден од подготовките. Мислев дека се шегува со мене, но Шекил ми рече: Те чекаат 10.000 долари во банкноти од по еден долар. Доколку некогаш се степаш со Коби – земи ги патите. Не можев да поверувам што ми зборува Шекил, си помислив какви лудаци се. Но, исто така знам дека доколку се степам со Коби веќе наредниот ден ќе летам од клубот – раскажува Рајдер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот