Шекеринска за условите на Бугарија: Со соседите мора да се најде решение

Фото: Слободен печат

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, за условувањата на Бугарија кон Македонија, изјави дека со соседите се бара решение, а не игра на уцени, притисоци и кавги. Според министерката, Владата покажавала капацитет, трпение и мудрост на одредени прашања за да се најде решение.

– Покажавме мудрост на одредени прашања да најдеме решение. Важно ни е што сите наши соседи не поддржуваат. Сакаме да седнеме на масата на НАТО, за таму да учествуваме кога ќе се решава и за другите – изјави Шекеринска.

– Важно ни е што денеска можеме да кажеме дека сите наши соседи цврсто не поддржаа да станеме членка на НАТО и на ЕУ. Тоа не беше лесно и тоа не беше стандард во сите изминати години. На тој начин зрееме и ние како држава, мислам дека зрее по малку и регионот. Така ќе ги решаваме и идните предизвици. Меѓудржавните односи особено помеѓу соседи се секогаш, како викаат, воркинг прогрес, постојано има прашања кои ќе се изнесат на маса и дилемата е само дали ќе се трудите да ги решите или ќе се оддалечите повеќе, изјави денеска Шекеринска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот