Шекеринска за Топ тема: Со НАТО удираме печат на државноста и независноста!

Патот по кој тргнавме е пат кој  нуди перспектива и поголема безбедност.

-Членството во НАТО им стави точка на сите проценки дека прашањето за безбедност на Балканот е сеуште отворено. Со ова удираме печат на нашата државност и независност. Јас можам да тврдам дека ВМРО ДПМНЕ пред 27 години зборувал за НАТО, но во последниве две години направи с‘е што можеше да го спречи нашето членство во НАТО. Но морам да кажам дека членството во НАТО не ни го подари никој, туку  сами го остваривме и дека патот по кој тргнавме е пат кој  нуди перспектива и поголема безбедност. Не сакам да верувам во тезата на една членка на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ дека НАТО не ни треба туку дека ќе сме направиле сојуз со Србија, изјави Шеќеринска во емисијата Топ тема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот