Шекеринска за ситуацијата со Бугарија: Ова не е начин на функционирање на членки на НАТО

фото Архива

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска за спорот со Бугарија и изјавите на министерот за одбрана, Красимир Каракачанов изјави дека ова не е начинот на функционирање на членки на НАТО.

– Бугарија е членка на НАТО и ние сме и ова не е начин на функционирање на членки на Алијансата, изјави Шекеринска.

Министерката потенцираше дека ќе продолжи да ги испраќа истите пораки што се испраќани изминатите години, а тоа, како што подвлече, дека „нашите граѓани не плаќаат и очекуваат да им обезбедиме безбедност, а таа безбедност зависи од добрососедските односи”.

– Очекуваме Бугарија повторно да не поддржи, како што не поддржа во независноста и членството во ЕУ. Само со добрососедски односи можеме да напредуваме. Комуникацијата меѓу сојузниците не треба да застане – изјави Шекеринска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот