Шекеринска: За две и пол години ја извадивме државата од калта во која не бутна ДПМНЕ

Сакам да ви кажам да ви кажам дека навистина е задоволство кога на многу места ќе чукнете на врата ќе ги видите како граѓаните излегуваат и ќе видите дека образот ви е чист затоа што тоа што сте го најавиле го реализирате, затоа што тоа што сте го ветиле голем дел е завршено. Јас мислам дека во Струга навистина не треба премногу да се зборува, рече кандидатката за пратеник Радмила Шекеринска, носителка на Изборна единица 5.

-Кога ќе ја направите сметката колку работи се направија во 2,5 години мандат ама 2,5 со едни претседателски, со едни локални избори и со еден рефенрендум замислете колку можеме да завршиме со чист мандат и чисти 4 години непрекинати ниту од уцени, ниту од такви обврски. Денес сретнавме и некои луѓе од приватниот сектор, знаете кои беа двете пораки и двете работи што ми останаа во глава, едните велат знаете што веќе не се плашиме од власта, кога ќе чукнете на врата знаеме дека не доаѓате со лоша мисла, знаеме дека утре нема инспекции да ни пратите, знаеме дека никој ниту сака да ни се одмазди ниту сака да ни го одземе тоа што сме го стекнувале со години- рече Шекеринска.

Второто, уште поважно, потенцираше таа, беше што овие луѓе виделе како ние практикуваме власт.

-Кога ги најавивме нашите мерки за поддршка на фирмите, дел беа и пари кои ги насочивме кон фирмите кои иновираат, ќе го унапредуваат своето производство. Викаат конкуриравме заради тоа што сакавме да се обидеме, ама не знаевме што ќе добиеме, не знаевме дали некој ќе тера партиски списоци, не знаевме дали ќе не уценува, не знаевме дали тоа ќе биде некаква корупција. Никој не ни се јави, никој не ни постави услови, никој не не проверуваше дали имаме книшка и кого го симпатизираме. Добивме поддршка за прв пат од државата без да вртиме телефони- рече Шекеринска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот