Шекеринска: Во март се очекува Северна Македонија да стане официјална членка на најголемиот воено-политички сојуз во светот

За евентуалните ризици до нашето извесно полноправно членство во Алијансата, за законот за ЈО и можноста за негово усвојување и евентуалните последици доколку тоа не се случи, но и за можноста за испраќање наши војници во Ирак разговаравме со министерката за одбрана во интервјуто за МИА.

Во првата половина на март се очекува ратификација на Протоколот за членство во НАТО од страна на шпанскиот Парламент, по што во текот на тој месец се очекува Северна Македонија и официјална членка на најголемиот воено-политички сојуз во светот.

Ова за МИА го изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која вчера во Брисел учествуваше  на состаноците на Северноатлантскиот совет, заедно со министрите за одбрана на земјите – членки на Алијансата.

-Според сите информации на шпанските колеги очекуваме ратификација во шпанскиот парламент  во првата половина на март. Тоа значи дека во тек на месецот ние ќе можеме буквално да ставиме печат, да ставиме потпис и да кажеме дека еден голем напор и еден огромен проект стратешки важен за државата,  го завршивме со успех, рече Шекеринска во интервјуто за МИА.

За евентуалните ризици до нашето извесно полноправно членство во Алијансата, за законот за ЈО и можноста за негово усвојување и евентуалните последици доколку тоа не се случи, но и за можноста за испраќање наши војници во Ирак разговаравме со министерката за одбрана во интервјуто за МИА.

Рековте дека е прашање на денови, а не на недели или месеци кога Северна Македонија ќе стане полноправна членка. Имате ли денеска подетални информации за шпанската ратификација?

Според сите информации на шпанските колеги очекуваме ратификација во шпанскиот парламент  во првата половина на март. Тоа значи дека во тек на месецот ние ќе можеме буквално да ставиме печат, да ставиме потпис  и да кажеме дека еден голем напор и еден огромен проект стратешки важен за државата,  го завршивме со успех.  Тоа е важна работа за мојата генерација, за нашите генерации и тоа е успех којшто после независноста можеби е резултат број еден за нашата држава.

Прочитајте и...  ЕК: Северна Македонија продилжи да ги исполнува условите за безвизен режим

Има ли било каков ризик од македонска страна нешто да излезе од контрола во однос на нашето полноправно зачленување?

Не очекувам проблеми и не очекувам непредвидени ситуации. Меѓутоа работиме за да не изгубиме ниту еден ден  и да не изгубиме ниту една шанса. Имаше многумина кои претходната година релаксирано велеа се е завршено. Се сеќавам на средби коишто ги имав со вашите колеги  во Брисел пред летото кои стравуваа можеби повеќе од некои други ратификации во други земји.  Се покажа дека нашата проценка навистина била точна, дека единственото можно непријатно изненадување може да ни биде изборниот календар или изборните правила во Шпанија.  Тоа не не спречи да бидеме  на местото каде што се собраа сите светски лидери. Не не спречи да бидеме присутни на масата во  Лондон и да покажеме дека навистина претставуваме земја која што знае што сака  и знае како тоа да си го оствари.  Работиме буквално за да ги искористиме секој час во денот и секој ден во месецот и затоа се одлучивме на оваа опција Собранието да го ратификува Вашингтонскиот договор и пред шпанската ратификација, да не оставиме вакум, да не оставиме празен простор и да не изгубиме  ниту ден. Дваесет и седум години го чекаме ова. Срамота ќе беше ако тогаш кога ја имавме шансата не ја искористевме веднаш.

Прочитајте и...  Царовска во Кисела Вода: На 15 јули да гласаме за повисоки плати, повисоки пензии, за повеќе градинки

Кога ќе се крене македонското знаме во седиштето на НАТО?

Тоа се уште зависи од шпанскиот календар, но како што реков на почетокот, јас би рекла март ќе биде многу убав месец за да бриселскиот или белгиски ветер покаже колку е убаво македонското знаме.

Колкав е ризикот Законот за ЈО да не помине после заканите на опозицијата за бојкот и доколку тоа се случи постои ли ризик Македонија да не добие датум за преговори во март?

Европските одлуки зависат од европските лидери.  Нашите одлуки зависат од нашите институции. И затоа наместо да предвидувам сакам нешто да порачам. Собранието во Скопје, Собранието на Република Северна Македонија е местото каде што се бијат европските битки. И секој оној којшто барем еднаш кажал ЕУ на камера, и секој оној кој барем еднаш напишал членство во ЕУ во својата изборна програма, треба да знае дека членството во  ЕУ, почетокот на преговори значи одговорност за секој од нас. Ние нашата одговорност како Влада  и како луѓе  покажавме дека ја носиме и дека ги превземаме и ризиците и одговорноста. Опозицијата е на потег. Ако на овој тест, ако на прашањето за кое што постои единство, НАТО, ЕУ, Америка, сите коишто го знаат процесот велат ова треба да го направите, ако на тој тест потклекнат и паднат навистина ќе покажат дека се само продолжена рака на еден бегалец во Будимпешта и дека единствена нивна цел е се уште да го штитат неговиот криминал и корупција.

Прочитајте и...  Туристичките работници пред банкрот

Дали на овој состанок е разговарано за испраќање на повеќе трупи во Ирак и дали Македонија понуди нешто за тоа?

Ние во последната година во рамките на Јадранската повелба значи Групата на земји од нашиот регион и САД веќе зборувавме за можност да испратиме наши офицери  коишто ќе работат на тренинг дел од мисијата во Ирак. Меѓутоа настаните во Ирак сето тоа го ставија во втор план. Ќе чекаме да ја видиме формалната одлука на НАТО. Според сите предвидувања НАТО ќе преземе еден голем дел од мисиите на коалицијата во Ирак, и ние ќе бидеме подготвени, особено во делот на тренинг, да испратиме наши офицери или подофицери, земајќи го во предвид големото искуство кое што нашата Армија го има не само во Авганистан, туку исто така и во Ирак.

Прочитај повеќе

Николовски тврди дека семејството Заеви се јавува како странски инвеститор во најмалку две европски држави

Слободен печат

Спасовски: Секое гласање за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ

Слободен печат

Филипче: Во јули лиценцирани 66 доктори на медицина, половината од нив изразија желба да работат со ковид пациенти

Слободен печат

Што снимаш ти мајмуне- нападната новинарската екипа на Ал Џезира (ВИДЕО)

Слободен печат

Два нови случаи на коронавирус во Кавадарци

Слободен печат

Вучиќ за Ројтерс: Се исплатеа напорите на Германија и Франција, прва релативно оптимистична вест (ФОТО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Со европски пари си правеле партиски собир, ВМРО-ДПМНЕ негира, но ќе докажеле после избори (ВИДЕО)

Слободен печат

Иван на кого му беше трансплантирано срце заминува на домашно лекување (ФОТО)

Слободен печат

Доставени картичките за „зелена нафта” во Струмичкиот регион

Слободен печат

Димитров: Долго време сме низ тунелот, на еден чекор сме до пристапни преговори со ЕУ

Слободен печат

МОФ: Голем дел од професорите воопшто не се ни запознаени како да работат со дигиталните платформи за предавање

Слободен печат

Ангеловска на тркалезна маса на СБ за поддршка на приватниот сектор во КОВИД-19

Слободен печат