9.2 C
Скопје

Шекеринска: Во Буџетот за 2021 година средства за подмладување на Армијата и подобрување на стандардот на војниците

Буџетот за одбрана за 2021 година изнесува 11 милијарди и 97 милиони денари или 1,57 проценти од БДП. Со предложениот буџет, според министерката за одбрана Радмила Шекеринска, се обезбедува континуиран пораст на Буџетот на Министерството за одбрана за 0,2 процентни поени, целосна воена интеграција во НАТО структурите, подмладување на персоналот во Армијата и подобрување на стандардот на припадниците на Армијата, финансирање на започнатиот процес на опремување и модернизација на Армијата, продолжување со обнова и реконструкција на објектите, како и уредување и осовремување на АП Криволак.

Шекеринска денеска на прес-конференција во Владата посочи дека Буџетот за 2021 година е буџет за одбраната на земјата како членка на НАТО-Алијансата.

– Годинава покажуваме дека обврските, стандардите, критериумите коишто сме ги прифатиле како земја членка на НАТО, ги почитуваме. Затоа Северна Македонија и оваа година го зголемува буџетот за 0,2 проценти од БДП движејќи се кон посакуваните 2 отсто, но годинава за првпат целосно ја исполнуваме втората обврска на земјите членки на НАТО која што произлезе од Самитот во Велс, а тоа е повеќе од 20 проценти од буџетот за одбраната да се издвои за опремување и за модернизација, нагласи Шекеринска.

Министерката за одбрана наведе дека порастот на буџетот на одбрана за 0,2 процентни поени ќе продолжи и во 2021 година, но исто така ќе продолжи и во следните две години кога ќе се достигне нивото од два проценти од БДП што е и вториот дел од обврската што е преземена на Самитот во Велс.

Таа посочи дека за опрема и за модернизација на Армијата се издвоени над 20 проценти или поточно 25 проценти од вкупниот буџет.

– Армијата не можете да ја развивате само со инвестиции во опрема, со инвестиции во модернизација, во вооружување и во различни други сегменти, ако не вложувате во своите луѓе. Особено Армија како нашата зависи од инвестицијата што ќе ја направите во човечките ресурси. И затоа во изминативе три години фокусот на нашето внимание навистина беше состојбата со персоналот, особено во Армијата. Износот од 4 милијарди и 250 милиони во оваа категорија е за плати коишто во изминативе години ги зголемивме за најмалку 16 проценти, а во некои категории и повеќе и за подобрување на стандардот во Армијата, нагласи Шекеринска.

Прочитајте и...  Во Скопје хоспитализирани уште 26 ковид пациенти

Таа информираше дека се направени опсежни анализи, преземале конкретни чекори, донеле измени во Законот за служба и други подзаконски прописи со цел навистина во овој период да се обезбедат квалитетни војници и старешини, да се зајакнат и да се подмладат кадрите на сите нивоа и да се зголеми интересот за воената професија.

– Процесот на подмладување и подобрување на кадарот во Армијата ќе го продолжиме. До крајот на оваа година во Армијата ќе имаме 270 нововработени професионални војници, а во 2021 овој број ќе се зголеми за уште дополнителни 200 со што уште еднаш ќе ја подмладиме структурата на армискиот кадар, особено во делот на професионалните војници, рече министерката за одбрана.

Шекеринска посочи дека планираат и прием на 54 нови офицери, од кои еден дел ќе дојдат од Воената академија, а еден дел со дошколување од цивилните факултети, особено во областите што се критични и важни за Армијата.

– Единаесет години во Армијата немало никаков конкурс, ниту курс за подофицери и тоа доведе во ситуација до ден денеска да имаме 456 подофицери помалку  од бројката која што согласно структурата на Армијата ни е потребна. Неодамна заврши конкурсот за избор на кандидати и во следниве четири месеци ќе имаме два курса во коишто по 60 професионални војници ќе добијат шанса да бидат подофицери на нашата Армија. Со тоа во овој дел навистина ќе решиме еден проблем којшто траел една декада, потенцираше Шекеринска.

Од наредната година се воведува уште една новина, а тоа е стипендирање на студенти за критичните специјалности во Армијата.

Прочитајте и...  Временска прогноза за 24 јануари

– Тоа е уште една потврда дека вложуваме и во луѓе, вложуваме и во памет. Не можеме да набавуваме нова современа опрема со потполно нови технички карактеристики како што планираме ако не вложуваме во кадри коишто треба да имаат специфицирани, специјални, посебни знаења. Преку стипендирање се надеваме дека ќе обезбедиме кадри не само за следните неколку години, туку за целата следна структура на Армијата, рече Шекеринска.

Посочи дека 2021 година ја започнуваат со бројка од 73 припадници на Армијата кои учествуваат во меѓународните мисии и операции.

–  Крајот на 2021 година планираме да имаме 199 мировници и земајќи го предвид интересот на припадниците на Армијата да учествуваат во меѓународни мисии. Овие мисии во коишто ќе имаме и имаме распоредено припадници во моментот нашите припадници се во Авганистан, таму до одредена мерка се намалуваат бројките. Во текот на следната година ќе го зголемуваме бројот на наши припадници коишто учествуваат во КФОР на Косово, ќе продолжиме со учеството во Мисијата АЛТЕА во БиХ, УНИФИЛ во Либан. За само неколку дена ќе ги пратиме првите двајца штабни офицери во ЕУ-мисијата во Централно Африканска Република, а очекуваме годината имаме шанса нашите старешини да се приклучат и на НАТО-мисијата за обука во Ирак, но и на НАТО-мисијата зајакнато и истурено присуство во реонот на Балтичките држави, рече Шекеринска.

За припадниците на Армијата во меѓународни мисии и операции во буџетот се одвоени 447 милиони денари, од кои најголемиот дел шест милиони евра се за плати и надоместоци, а останатиот дел за логистички трошоци.

– Вториот сет на инвестиции коишто ги планираме оваа година се однесува на подобрување дополнително на логистичката поддршка на Армијата. Затоа со средства во буџетот од 2021 година ќе обезбедиме целосен континуитет на редовно снабдување со потребните материјали, замена на униформи и чизми, ќе набавиме свечени униформи и комплетирање на целиот тој комплет, спортска опрема за целата Армија која што претходната година ја обезбедивме за одреден број на единици, во 2021 ќе значи дека секој припадник на Армијата од кој очекуваме да биде фит, очекуваме да биде физички подготвен инвестираме и во неговата физичка подготвеност. Даваме дополнително спортска целосна опрема која што ќе ги зајакне капацитетите и ќе ја зајакне кондицијата во нашата Армија, но се разбира обезбедуваме и опрема и муниција од секаков вид за вежби со главен фокус на подготовка на нашата НАТО декларирана единица ЛПБГ како што доликува на НАТО-Армија, истакна Шекеринска.

Прочитајте и...  Заев: Придавката „македонски" не е проблем и таа останува во записниците од Заедничката историска комисија

Министерката за одбрана нагласи дека средствата за опремување и модернизација на Армијата се зголемени за 38 проценти во однос на 2020 и изнесуваат околу 2,8 милијарди денари што претставува 25 проценти од вкупниот буџет.

– Наредната година со зголемени средства, со планираните 328 милиони денари што е 25 отсто повеќе во однос на 2020 година ќе продолжиме со реновирање на објектите, но значителни средства ќе инвестираме и во инфраструктурата на армискиот полигон Криволак, како и реновирање на објектите за сместување и обука таму, но и инвестиција во дополнителна патна инфраструктура која што ја зголемува мобилноста во полигонот, посочи Шекеринска.

Министерката потенцираше дека армискиот полигон Криволак претставува еден од клучните капацитети со коишто можеме да дадеме придонес во колективната одбрана и безбедност на Алијансата.

– Тоа е полигонот каде што се обучува нашата НАТО-декларирана единица, но каде што се обучуваат и сите други единици од Армијата и тоа е полигон каде што очекуваме со развојот на Криволак да се зголеми и бројот на билатерални и на НАТО-обуки. Уште во 2021 година очекуваме повторно на Криволак да бидеме домаќини на една голема воена вежба „Одлучен удар 21″ каде што навистина ќе покажеме дополнително кои се капацитетите, кои се можностите на овој полигон не само за нашата Армија, туку и за сите сојузници, посочи Шекеринска.

Поврзани вести

Кумановци масовно со пет автобуси на шопинг во Врање

Слободен печат

Заев: Најголемиот ризик од бугарското вето е непотребно потрошеното време

Слободен печат

Законот донесен, статистичарите на „готовс“

Слободен печат

Пожар во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга

Слободен печат

Шекеринска меѓу 153 глобални лидери потписници на писмото до Бајден за поддршка на политиките за борба против климатски промени

Слободен печат

Заев: Ќе поддржам брзо обезбедување државјанство, но не со сведоци

Слободен печат

Остави Коментар