Шекеринска: Можевме да сокриеме дека ни е вратен капарот за кинеската вакцина, но сакавме да бидеме транспарентни

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска  посочи дека сите се соочуваме со сериозен недостиг на најважното прашање во целиот свет, а тоа се вакцините.

– Се соочуваме со сериозен недостиг на вакцини, со исклучок на САД и Обединетото Кралство. Дел  сме од светскиот проблем, особено тешко е за помалите држави. Целта ни е што поскоро да обезбедиме функционална вакцина и ќе ги преземеме сите чекори.  Барем здравстевените работници успеаја да обезбедат дополнителна заштита. Армијата е во втората фаза за имунизација заедно  со полицијата, истакна Шекеринска на промопредавање на американска донација за Армијата.

Министерката додаде и дека доколку сакале, можеле да сокријат дека кинеската компанија за производство на вакцини ни го вратила платениот капар.

– Сакам да зборувам за работи кои што целосно ги познавам и во кои сум учествувала, мислам дека најсоодветно е да не се мешаме во работи во којшто информациите ги имаме од Влада, но и од она што јавноста е достапна. Ако нешто можевте да забележите во изминатава година, и мислам дека тоа понекогаш може да не прави и послаби, меѓутоа мислам како држава тоа е чекор во вистинска насока, тоа е дека никогаш информациите не ги криевме од јавноста, и кога се добри вести, и кога се лоши вести. Можеше ова да не го кажеме, за да добиваме помалку прашања, но тоа не е начин на кој функционира оваа Влада. Подобро е да ги кажеме проблемите со кои се соочуваме, рече Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање.

Нема ли тајвански вакцини, бидејќи оние од Кина ќе стигнат на кинеско куково лето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот