Шекеринска: Тоа што Каракачанов ја објави картата од Санстефанска Бугарија е знак на слабост

„Северна Македонија во одбраната е оценета како втора најдобра држава во Централна и Источна Европа. Пет земји од ЕУ и 6 стари членки на НАТО се под нас. Тоа е затоа што сме инвестирале и во транспарентноста и во интегритетот, ама за жал добрите вести не излегуваат на површина“, вели министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во емисијата „Трилинг“.

На прашањето што значи картата на Санстефанска Бугарија што ја објави Каракачанов, Шекеринска го смета тоа за знак на слабост.

„Кога нема што да кажете денес, се вртите кон историјата. Кога нема што да понудите за граѓаните и регионот, тогаш почнувате кавги. Со нив се навредуваат соседите, не само Северна Македонија, а притоа ништо не се постигнува“, изјави министерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот