Шекеринска: Темелната реформа на судството со новиот закон за ЈО

Со Законот за ЈО кој денеска стапи на сила, и со другите закони кои се усогласија со препораките на Венецијанската комисија, сега првпат имаме шанса. Предвидуваме целосна проверка од страна на соодветни институции на имотот и потеклото на имот на сите судии и обвинители, оти знаме дека нешто кај некои обвинители и судии навистина не е логично.
Ова го истакна заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска во синоќешното гостување на ТВ21.
Во однос на законот за ЈО таа додаде дека граѓаните можеа да видат колку долго траеше тој процес во Собранието и колку тешко беше да се дојде до 2/3 мнозинство.
-Сме имале една цела пратеничка група, која практично за пари дадени во кампања требала да испорача блокирање на Законот. И знаете колку енергија, колку преговори особено и премиерот, меѓутоа и многу други министерот за правда, министерка за да дојдеме до Закон којшто ќе го добие и европскиот печат, и којшто ќе обезбеди шанса за правна држава, истакна Шекеринска.
Меѓутоа, како што рече, тоа е се уште само Закон, ќе биде почеток на она што и треба на државава, а тоа според неа е сериозно прочистување и поголема транспарентност во судството.
-Предвидуваме целосна проверка од страна на соодветни институции на имотот и потеклото на имот на сите судии и обвинители, оти знаме дека нешто кај некои обвинители и судии навистина не е логично. И она што е важно, уште во претходниот период успеавме да обезбедиме ЕУ да ги набљудува, да ги мониторира случаите за висока корупција и криминал, додаде таа.
Според Шекеринска, градоначалникот на Охрид покажал дека кога имаш политичка волја да не прогледуваш низ прсти за никој и Законот да важи за сите, можни се резултати.
-Погледнете градоначалникот на Охрид со какви притисоци се сочува, само заради тоа што кажа кој со години од 2013-та  најголемиот дел немаат право да користат плажи, си ги користат, заработуваат со ниедно ливче немаат. И почна притисоци од тие што го злоупотребувале цело време, се навикнале на злоупотребите и сега не сакаат да се повлечат. Инаку имавме многу планови, документи, потписи, печати ништо од тоа не се случи, секој ден гледавме нова дивоградба. Мислам дека во Охрид покажуваме дека правната држава ако се сака може да функционира, рече Шекеринска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот