Шекеринска се повлекува од местото заменик-претседател на партијата: На СДСМ му требаат нови кадри

Фото: mia.mk

Министерката за одбрана и актуелен заменик-претседател на СДСМ, Радмила Шекеринска на денешната церемонија во Касарната „Илинден” во Скопје, по повод турската донација од 7.400 комплети гортекс униформи за припадниците на Армијата, соопшти дека нема да се кандидира за заменик претседател на СДСМ по Конгресот на партијата во мај.

– Добив прашање од мојата Општинска организација дали сум кандидат, кажав дека не сум, затоа што сметам дека и СДСМ и политичката сцена на Република Северна Македонија, одат напред кога постојано продуцираат нови кадри. Апсолутно, пристапот кон Конгресот треба да ни биде да формулираме и нови политики, а тие да бидат подобри, изјави Шекеринска.

Министерката за одбрана изјави и дека во ниту еден момент не учествувала во дискусија поврзана со кандидатот за амбасадор на Република Северна Македонија во Вашингтон.

– Во ниту еден момент не сум учествувал во дискусија по ова тема. Таа тема долго време беше интересна за јавноста, имаше информаци, дезинформаци, деманти. Мислам дека е тема која не треба вака да се дискутира. Се работи за многу важно место, се работи за место кое што особено станува значајно имајќи предвид дека новоизбраниот претседател (на САД) доаѓа со една нова поактивна политика и на Балканот. Тоа е прашање за кое не се дискутира преку изјави, туку во рамките прво на Министерството, па на Владата и во соработка со претседателот. Јас се чуствувам заморено да дезинформираме, па да демантираме. Мислам дека е срамота за едно такво место да се игра медиумска игра, истакна Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање дали е таа кандидат за амбасадор на земјава во Вашингтон и дали би ја прифатила таа позиција доколку и биде понудена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот