Шеќеринска се пофали на Фејсбук: Нашето знаме се вее во Лондон пред самитот на НАТО

Рамноправно со знамињата на другите држави членки на НАТО, се вее и знамето на нашата земја. Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, го сподели тој момент на својата Фејсбук страница.

„Гордост! Знамето на нашата татковина кренато на јарбол во Лондон, во пресрет на самитот на НАТО. Заедно со останатите 29 членки. Вредеше!“ – напиша Шекеринска.

Досега 28 земји го ратификиваа Протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО. Останува уште Шпанија да го ратификува Протоколот за пристапување, а тоа според сите најави ќе се случи одма по формирање на новата влада во Шпанија.

Самитот ќе се одржи на почетокот од наредната година (3-4 јануари 2020 година) во Лондон, а најавено е присуство на лидерите на сите земјите членки на НАТО.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот