Шекеринска се обрати до припадниците на АРМ: Зборот е збор, ние од денес сме НАТО

Обраќајќи им се на сите старешини и цивили во Армијата, но особено на војниците кои деновиве се на терен извршувајќи задачи во поддршка на граѓаните и заштитата на нивното здравје им порача дека верува во нив, нивните капацитети и искрени желби, дека нема сомнеж дека сите предизвици, сите задачи и предизвици во иднина ќе бидат совладани, заедно и со огромен успех.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска по повод депонирањето на Инструментот за пристапување во НАТО во Вашингтон, САД со што и официјално нашата земја станува 30. полноправна членка на Алијансата, sо видео – порака им се обрати на сите припадници на Армијата, и на вработените во Министерството за одбрана.

-Денес сме победници, од денес сме НАТО. Членка на најмоќниот сојуз, на најбројната Алијанса. Зачленувањето во НАТО е наш подарок кон граѓаните, кон татковината- им порача министерката Шекеринска.

Министерката посочи дека од денес сме сојузници со армиите на САД, Велика Британија, Франција, Германија и Италија, сојузници со армиите на нашите поблиски и подалечни соседи – Грција, Албанија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Црна Гора. На сите вработени во одбраната и Армијата им порача дека се дел од генерацијата која го удри печатот на НАТО.

-Покажете ги вашите емоции. Така вашите семејства, вашите деца, вашите најблиски  ќе ја сфатат големината на вашата жртва, безбројните часови вежби и обуки, семинари, натпревари, учење странски јазици, учење напредни вештини, и сета надградба на вашите способности и капацитети. Затоа што сите заеднички постигнавме голем успех!- рече министерката.

Обраќајќи им се на сите старешини и цивили во Армијата, но особено на војниците кои деновиве се на терен извршувајќи задачи во поддршка на граѓаните и заштитата на нивното здравје им порача дека верува во нив, нивните капацитети и искрени желби, дека нема сомнеж дека сите предизвици, сите задачи и предизвици во иднина ќе бидат совладани, заедно и со огромен успех.

-Бидете горди на својот успех, беше чест и привилегија да се води овој тим и оваа генерација. Зборот е збор, ние од денес сме НАТО- рече министерката во обраќањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот