Шекеринска: Прво борба со криминалот, потоа избори

Опозицијата десет пати ќе зборува за избори, само да го избегне клучниот предизвик како да обезбедиме сите да одговараат за криминал и да се донесе законот за јавното обвинителство, рече вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарското прашање за став за терминот на парламентарните избори, при денешната посета на прилепски „Еурокомпозит”.

Според неа, прво е битен консензусот за законот на јавното обвинителство, особено што опозицијата, вели, се декларира дека е за ЕУ и НАТО.

– Мене едно ми е јасно дека опозицијата не бара избори, туку сака да избегне дискусија, гласање, поддршка на закон кој ќе гарантира борба со криминалот и со корупцијата. Десет пати ќе зборуваат за избори, само да избегаат од клучниот предизвик, а тоа е како да обезбедиме да одговараат сите кои направиле криминал. Затоа ни е неопходна измена во Законот за јавното обвинителство, за што и тие, опозицијата, се обврзани да дадат поддршка. Партија која не се бори против криминалот и корупцијата, нема што да бара на избори. Очекуваме дека овој приоритет, кој е клучен за граѓаните и тие го бараат, е првото прашање околу кое ќе постигнеме консензус. Не може партија во опозиција да вели дека бара, се залага и поддржува членство во ЕУ и во НАТО, а со секоја одлука и со секое однесување да прави илјада пречки. Ако се за ЕУ, еве ја шансата во септември тоа и да го докажат – да гласаат за закон за јавно обвинителство и да покажат дека прекинале да ги поддржуваат криминалот и корупцијата, рече Шекеринска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот